Оваа недела српската и руската страна ќе ја разгледаат можноста за производство на вакцината Спутник V во Србија.

Според пишувањето на српски Курир, оваа недела може да се одржи средба на претставниците на Русија со српското раководство, на која главна тема ќе биде вакцината против коронавирусот Спутник V. На средбата ќе се дискутира и за можноста за производство на руската вакцина во Србија.

Постои голема можност вакцината да се произведува во Србија. Русија е отворена за таа можност, но детално ќе се дискутира на состанокот на двете страни. Ваквата работа бара одредени предуслови, капацитети, експерти. Но, како што стојат работите сега, постојат големи шанси Институтот Торлак да се вклучи во таа работа, пишува српски Курир.

Во изјавата за Курир, рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко го потврди одржувањето на таа средба и рече дека руската страна ќе ги претстави своите ставови на таа средба.

Секако, последниот збор ќе го даде српскиот државен врв, во консултација со медицински експерти, пишува Курир.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *