Интересот за вакцинација е голем, а денес започна масовната вакцинација во Белград, на 24 пункта.

До 19:00 часот денес, повеќе од 390 000 лица поднеле барање за вакцинација, потврдено е за РТС во Министерството за здравство на Србија.

Со пополнување на едноставен прашалник на порталот за е-влада, граѓаните на Србија можат да го изразат својот интерес за вакцинација против ковид-19.

Освен што аплицираат преку е-Влада, граѓаните заинтересирани за вакцинација можат да аплицираат и преку кол центар.

Инаку, масовната вакцинација во Белград започна денес, во 24 пункта, а според зборовите на градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ, 1.300 лица се веќе вакцинирани.