Бојкот на наставата или протести. Средношколицте не се задоволни од одлуката на Владата за почеток на наставата од далечина.

Според нив, оваа одлука е скандалозна, а при носењето на истата тие воопшто не биле консултирани, иако во изминатиот период од Сојузот до МОН доставиле два извештаја – едниот во јуни со нивни согледувања за квалитетот на онлајн-наставата, а пред две недели и со нивни предлози за тоа како да изгледа наставата, со давање предност на комбинираниот пристап.

Од Сојузот дополнуваат  дека одлуката која е донесена 10тина дена пред почеток на учебната година е задоцнета, па ниту надлежните ниту професорите можат за краток период да обезбедат опрема и вештини за наставата од далечина да даде позитивни резултати. 

„Голем број на средношколи се револтирани, ние во сабота имаме средба со училишта од 17 градови и 51 претставник на средношколците. Ќе донесеме одлука дали ќе имаме протести ли ќе започнеме со бојкот на наставата од 1ви септември.“ – вели Бленди Ходаи – претседател на Сојуз на средношколици. 


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *