Учебната година за осмоодделенците во Србија завршува на 8 јуни наместо на 4 јуни. Учениците од прво до седмо одделение ќе одат на училиште до 22 јуни, а не како што беше предвидено на 18 јуни според претходниот календар.

За сите други средношколци, второто полугодие завршува на 22 јуни, а не како што беше претходно планирано на 18 јуни.

Последниот испит исто така е поместен.

Наместо на 21, 22 и 23 јуни, младите матуранти ќе полагаат тестови по српски јазик, математика и комбиниран тест на 23, 24 и 25 јуни.

За матурантите, наставата завршува на 25 мај, наместо на 21 мај, а за учениците на тригодишни и четиригодишни средни стручни училишта на 1 јуни, наместо на 28 мај.

Ова одма наиде на револт поготово кај средношколците.

” НИЕ НЕ СМЕ КРИВИ ШТО ВЛАДАТА НЕ ЗНАЕ ДА СЕ СПРАВИ СО ВИРУСОТ , И ДА ГО МЕНАЏИРА ОБРАЗОВАНИЕТО . НЕ САКАМЕ ДА ОДИМЕ ДОПОЛНИТЕЛНО 20 ДЕНА ВО ШКОЛО” -изјавија средношколаците по изјавата на Вучиќ дека и ЈУНИ ќе биде исполнет со часеви за учениците .