Во оваа акција, спроведена во две фази, приведени се тројца мажи, од кои двајца се Шпанци на возраст од 30 и 53 години, кои веќе имаат полициско досие, а третиот е 42-годишен Србин, без полициско досие, пишуваат шпанските медиуми.

Србин (42) и уште двајца Шпанци се уапсени во шпанскиот град Атарфе, додека тој шверцувал дрога со камион во складиште за гориво. Тој се обидел да прошверцува 84,4 килограми марихуана, која била вакуумирана и сокриена, а кај него биле пронајдени нешто повеќе од 800 евра.

Шпанската полиција изврши операција во која беше разбиена организирана група посветена на меѓународната трговија со марихуана помеѓу Гранада (местото на производство на дрога) и Источна Европа.