Лидерот на Социјалдемократската партија на Србија и министер за трговија и туризам, Расим Љајиќ, во средата вечерта направил необичен потег за политичар.

На последниот митинг на неговата партија во Нови Пазар, скокнал од сцената како рок-ѕвезда врз публиката, која потоа го носела на раце, објавија српските медиуми.

Во изјава за медиумите, тој навел дека го направил тоа затоа што бил возбуден поради атмосферата.

„Ме повикаа да скокам, ми дадоа сигнал со рацете, но веројатно помислија дека нема да се осмелам. Но, се возбудив поради неверојатната атмосфера на собирот, па затоа само го оставив телефонот настрана и скокнав. Не размислував за тоа дали ќе ме фатат или не. Беше неверојатно вечерва на митингот, имаше толку многу млади, имаше толку многу позитивна енергија … Да ви кажам искрено, сакав митинзи и сето тоа ме изненади затоа што митинзите денеска се некако застарен метод“, изјавил Љајиќ.


Напишете коментар