Според Блиц, авионот паднал во близина на Лозница .  Очевидци наведуваат дека авионот прелетал над градот Гушево кон Зворник во низок лет од правецот на Цер и направил круг. После тоа се слушнала „страшна врева“, велат очевидците.

Српските медиуми пренесуваат дека при падот на авионот загинале еден од ппилотите а по вториот кој се катапултирал се уште се трага. Авионот МИГ -21 на српската армија бил стар 34 години.

Пожарникарите и полицијата наскоро пристигнале на местото на настанот и го обезбедиле местото на несреќата. Локалниот портал Зворник Данас објави фотографии од местото на несреќата.

Српското Министерство за одбрана потврди дека паднал МИГ 21. Според нив, авионот се срушил „при извршување на редовна задача на летот“ околу 9 часот наутро.