Министерот за одбрана на Србија, Акександар Вулин даде изјава како во златните времиња на Милошевиќ. Повод за таа изјава беше вчерашниот напад врз српските деца во Доња Брњица:

Бидејќи никој не беше казнет за стрелањето на српски деца во Гораждевац, затоа што никој не беше осуден за убиството на двегодишниот Данило Чокиќ, бидејќи не беше осудена ниту една генерација убијци од 90-тите години на минатиот век, порасна новата генерација убијци наследници на терористите од т.н. ОВК.

Нападот врз српски деца во училиште во Доња Брњица покажува дека доаѓа една нова генерацијата што би требала да го истреби она што останало од Србите. За среќа, овојпат не беше убиено ниту едно српско дете, и што ќе се случи ако нема среќа во следниот напад, дали портпаролот на ЕУ ќе побара од нас да се воздржиме од обете страни?

ЕУ и КФОР, наместо да лобираат за признавање на т.н. Косово и да бараат од Србија да ја признае територијата под управа на нарко-клановите како држава, тие треба да најдат напаѓачи врз српски деца, пред да биде убиено некое дете. Целата одговорност е на нив и на нивната совест, ако имаат совест – рече министерот за одбрана, Александар Вулин

Инаку, Србите од мултиетничкото село Доња Брњица во близина на Приштина, по синоќешниот инцидент во тоа село кога непознато лице пукаше од огнено оружје во близина на училиштето во кое беа српски деца, рекоа дека се загрижени и побараа заштита од полицијата и КФОР.

Непознат напаѓач синоќа пукал од огнено оружје во близина на училиште во Доња Брњица во близина на Приштина, каде во тоа време биле српски деца.

Напаѓачот испукал еден куршум, а никој не е повреден.

Според некои Срби од селото, инцидентот се случил кога две деца се приближиле до децата, а едното од нив извадило пиштол.

Тоа беше поводот за ваквата недипломатска и хушкачка изјава на српскиот министер за одбрана Александар Вулин!