Бадниковата вечера и Божиќ, Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ги помине на Хиландар, пишуваат Новости. Ова ќе биде прва официјална посета на српски претседател на српскиот манастир на Света Гора во последните две децении.

Новости пишуваат дека Вучиќ ќе присуствува на вечерата на Бадник, како и на свечената богослужба во два часот по полноќ. Исто така, се планира да биде присутен на Божиќната литургија и да им се оддаде почит на сите светци на познатата ризница во Хиландар.

Предвиден е и разговор со игуменот на Царската лавра, Методиј, кој ќе го запознае со монашкиот живот, но и со динамиката на работите за обнова на светилиштето уништено во големиот пожар во 2004 година. Огнот зафати осум згради, додека трпезаријата на Светиот крал Милутин од 14 век и капелата на Светите архангели претрпеа огромни штети. Пожарот зафати половина од манастирскиот комплекс.

Се очекува Вучиќ да нареди уште поголеми инвестиции во реставрацијата на Хиландар, за работите да бидат завршени што е можно побрзо. Како што пишуваат медиумите, шефот на српската државата не барал посебен третман во однос на другите верници кои доаѓаат на Света Гора.

Предходникот на Вучиќ, Томислав Николиќ, го посетил Хиландар неколку пати за време на неговиот мандат, но тоа биле приватни посети, додека Воислав Коштуница како премиер во 2006 година ја посетил Света гора.