Откако српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека Србија ќе добие свој национален стадион, во предградието на Белград, Министерството за финансии објави фотографии од целиот комплекс.

Изградбата, на како го нарекуваат српскиот Вембли, треба да започне следната година, а целиот проект би можел да чини околу 250 милиони евра.

Новиот национален стадион ќе се гради на излезот од автопатот Белград – Сурчин. Треба да има капацитет од 55.000 места, што е за две илјади повеќе од Маракана.

Зошто ни е потребен стадион? Денес е тоа многу важна потреба. Потребите се сменија. Луѓето одат на стадионите да уживаат со своите семејства, да им биде поубаво на стадионот. Тоа ќе биде комбинација на челични конструкции и дрво однадвор, односно природни материјали. Верувам дека изградбата ќе започне следната година, од државни пари и воопшто нема да биде ефтина, вели Вучиќ.

Стадионот ќе биде близу до автопатот Милош Велики и близу до излезот од автопатот Белград-Сурчин. Тоа ќе биде нов развојен проект и на таа локација цената на квадратниот метар веднаш ќе скокне за 1.000 евра. Стадионот ќе биде скап, но и поубав од Алианц Арената во Минхен, рече српскиот претседател Вучиќ.

Еве неколку фотографии од новиот стадион кои се објавени од српското Министерство за финансии:


Напишете коментар