Хилари Клинтон го советуваше кандидатот за претседател на демократите, Џо Бајден, во никој случај да не го признае поразот по завршувањето на изборната вечер на 3-ти ноември, бидејќи верува дека објавувањето на конечните резултати би можело да биде одложено поради гласањето по пошта.

Демократот Хилари Клинтон беше поразена на претседателските избори во 2016 година од Доналд Трамп, републиканец кој сега заостанува зад Бајден на националните анкети пред изборите годинава.

Клинтон го призна поразот во изборната ноќ 2016 година, но вели дека победникот на изборите годинава може да се знае нешто подоцна во ноември поради гласањето по пошта поради пандемијата со коронавирус.

Таа рече дека резултатите во изборната ноќ би можеле да укажат на мала предност за Трамп. Во тој случај, „Бајден не треба да попушти под никакви околности затоа што мислам дека тоа ќе се развлече“, рече Клинтон.

Поранешниот државен секретар на САД го изјави ова во интервју за шоуто „The Circus” на телевизиската мрежа Showtime, а парче од тоа интервју беше објавено рано утринава по македонско време.

Портпаролот на кампањата на Џо Бајден одби да ја коментира изјавата на Хилари Клинтон.

Се очекува, оваа година, половина од американските гласачи да гласаат по пошта, што е двојно повеќе од 2016 година, а згора на тоа сите држави и локални власти во САД немаат ист капацитет да ги пребројуваат гласови по пошта.

Некои држави како Охајо и Северна Каролина дозволуваат пребројување на гласачките ливчиња кои пристигнуваат дури и неколку дена по затворањето на гласачките места!

Верувам дека Бајден ќе победи ако не се откажеме и ако сме фокусирани и немилосрдни како другата страна, рече Клинтон.

Трамп го критикуваше гласањето по пошта како измама, и покрај тоа што побара да му биде испратено неговото гласачко ливче за гласање на изборите по пошта.

Американскиот претседател, кој официјално ќе ја прифати номинацијата на партијата во четврток, исто така верува дека поштенското гласање би можело да го забави пребројувањето на гласовите.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *