Да имавме фејсбук таа 1944 година ние немаше да формираме држава. Ова го изјави историчарот и аналитичар, Стефан Влахов Мицов во последната емисија Во Центар, која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov.

Според Мицов ако тогаш имавме фејсбук ние ќе бевме херои на фејесбук и на фејсбук ќе се боревме до бугарските фашисти.

Порано немавме држава но имавме силни поединци и лидери, вели тој, сега немаме луѓе од доверба на чело на државата. Затоа јас пишувам, вели Мицов, дека е оваа најлошата генерација Македонци во последните три милениуми.

Ние постојано повторуваме дека наведната глава сабјата не ја сечи, а токму обратно најлесно наведната глава се сече со сабја. Затоа Петре М. Андреевски пишува за пиреј, немајќи победи за славење ние пишуваме за вечноста со порака за да бидеш вечен треба да бидеш пиреј да трпиш и да не се бунтуваш, објаснува Мицов.

Затоа ние секогаш се судруваме со мислата на Даме Груев за ужасен крај или ужас без крај, вели тој.

Целата анализа и емисија можете ја ја погледате на следниот линк:


2 thoughts on “Стефан Влахов Мицов: Да имавме фејсбук 1944 ние немаше да формираме држава!”

Comments are closed.