Ние живееме во време на трета светска војна, која започна уште кон крајот на 2012 година, пишува историчарот Стефан Влахов Мицов.

Третата светска војна започна неколку месеци по сојузот меѓу Ротшилд и Рокфелер во истата 2012 година, вели Мицов и додава-како што веќе сум пишувал таа се одвива во неколку правци:

  • конвенционални воени напади (како во Сирија) и пучеви (како во Украина).
  • користење климатски оружја
  • локални нуклеарни удари од страна на САД и Израел.

Меѓу тие нуклеарни удари, вели Мицов, мора да се спомене нуклеарниот удар спроведен на 12 август (на полноќ) 2015 година во терминалот на 15-ет милионскиот кинески град Тјанцзин. Преку тој град и неговото пристаниште тече голем дел од кинеската трговија за Европа. Експлозијата на пристаништето била со сила 21 мегатон, а плазмениот круг жежок повеќе од 40000C (весник „Строго тајно“, октомври 2015). Тоа беше прв нуклеарен удар на САД врз Кина, но Кинезите во свој стил замолчеа и се огласија дури оваа година.

Според Мицов, моментално државите на Балканот се вооружуваат и се подготвуваат за војна. Тоа го прават Турција, Грција, Бугарија, Романија, Србија, Хрватска. Во бугарскиот град Варна има американски Центар за следење на сѐ живо и диво дури до Касписко море.

Неслучајно токму Веселин Марешки побара создавање Голема Бугарија, пишува Мицов. Неодамна тој беше осуден да лежи четири години во затвор за криминал. Така што може веднаш фотелјата на собраниски шеф да ја смени со затворенички кревет. Затоа прави сѐ што ќе му каже Бојко Борисов.

Според Мицов, се знае дека ако дојде до немири на Балканот, Република Српска ќе оди кон Србија, Романија ќе се обиде да ја анектира Молдавија, а Бугарија ќе тргне кон Македонија. Уште поверојатно е дека Турција ќе може полесно да се прошири кон Бугарија (заради големото турско малцинство таму), отколку кон Грција.

Моментално, според Мицов, Заев седи на неколку столици: Го лаже македонското општество, ги лаже Албанците, ги лаже Грците, ги лаже Србите, а соработува со Бугарите против сите нив.

Секој кој ги читал бугарските весници пред првата и втората светска војна, разбира дека денес бугарското општество повторно се загрева за војна. Тие ја намирисуваат војната и се шовинизираат до краен степен. Такви озверени сум ги гледал и во времето кога ги тепаа, убиваа и депортираа Турците од 1984 до 1989 година, вели Мицов и додава:

Ете зошто, мора на секаков начин да се спречат моменталните бугарски барања.