Градот Белград штотуку заврши со дезинфекција и формирање на привремената ковид болница во „Штарк Арената“. Армијата штотуку започна со внесување опрема и кревети. Болницата, според најавите од српските медиуми, веќе денеска до пладне требаше да биде готова. 

„Се надевам дека, како и минатиот пат, оваа „болница“ нема да има пациенти “, напиша заменик-градоначалникот на Белград Горан Весиќ на својот Фејсбук профил.

Градоначалникот на Белград проф. Д-р Зоран Радојичиќ за РТС изјави дека во текот на попладневните часови овој простор ќе биде подготвен да ги прими првите пациенти.

„Во текот на ноќта луѓето работеа на формирање простории во кои ќе има болнички кревети. Во овој момент, армијата дојде со болнички кревети и веруваме дека Арената ќе биде подготвена да ги прими првите пациенти во попладневните часови“, рече Радојичиќ.

Според него, суштината е да се опреми просторот за да може да ги прими првите пациенти. 

„Сигурно е дека потешките случаи ќе треба да бидат поблиску до интензивна нега. Но, тука нема да се сместат асимптоматски случаи, како и во претходниот период“, посочи Радојичиќ.

Тој рече дека работното време на угостителските објекти ќе биде контролирано со случаен избор, како и почитување на мерката за носење маски во јавниот превоз.

„Еден систем нема доволен број на луѓе кои ќе ги контролираат сите институции и угостителските објекти. Но, ќе има доволно од нив да испратат порака до арогантни луѓе кои не ги почитуваат мерките. Вечерва беа извршени увид во 130 објекти, а ноќта претходно, по барање на граѓаните, 29 од 120 објекти. Преку социјалните мрежи се шири одреден вид на информации и се создава илузија дека е голем бројот на угостители што ги кршат мерките, што не е точно, затоа што викендот беше доста тивок“, рече градоначалникот.


Напишете коментар