Како што веќе е познато Андов беше висок функционер во поранешната Федерална влада на СФРЈ, раководеше со одделот на меѓурепубличкиот комитет за девизен и надворешно-трговски систем и беше амбасадор на Југославија во Ирак (од 1987 до 1991 година).

Во интервју за српски медиум тој беше прашан за прашањата околу распадот и функционирањто на Југославија.

* Вие сте автор на книгата „Јосип Броз Тито и распадот на Југославија“. Постојат мислења дека Тито тешко би можел да спречи распаѓање на Југославија, да живееше уште десет години. Што мислите ?

АНДОВ : Прашањето е, што би рекле вие Србите осетливо . Јас лично го познавав Тито и сè уште сметам дека Југославија можеше да влезе во тогашната Европска унија како цела земја. Од јуни 1978 година до 2 април 1980 година, во име на југословенската влада, како член на Сојузниот извршен совет, бев шеф на делегацијата во преговорите со ЕК. Договорот, потпишан на 2 април, предвидуваше следниот чекор да биде асоцијација, проследено со полноправно членство на Југославија во ЕК. Јас го презентирам тој период во една од моите нови книги. Генерално, фактот дека преговорите што ги водев беа можни беше знак дека Тито со цела моќ кон полноправно членство. Во спротивно, овие преговори не би биле можни. Во тоа време, високи функционери на ЕК ми рекоа, и тие сигурно им рекоа на другите претставници на поранешна Југославија, дека е можно Југославија, заедно со Португалија и Шпанија, да станат член на ЕК. Со смртта на претседателот Тито, таа веројатност исчезна.