Стојанче Ангелов кој е актуелен директор на Центарот за управување со кризи, на својот фејсбук профил објави:

Почитувани ФБ пријатели!
Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава.
Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19.
Заради поуспешна работа на Главниот Штаб, покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, добредојдени се и сите ваши конструктивни идеи, забелешки, совети и критики кои може да ги напишете на ФБ страната на Центарот за управување со кризи.

Со почит, директор на ЦУК, Генерал Стојанче Ангелов.

Да се потсетиме, по формирањето на владата предводена од премиерот Зоран Заев, во август 2017 Стојанче Ангелов се враќа во Министерството за внатрешни работи како Државен советник за полициски и криминалистички работи во кабинетот на министерот Оливер Спасовски.

Во јули 2018 го напушта МВР и почнува да работи како Советник за безбедност на системи и уреди во М-НАВ. Истиот месец од страна на Владата е именуван за Национален координатор за воени и полициски ветерани.

Во моментов е актуелен директор на Центарот за управување со кризи и во моментов кога во Македонија е прогласена кризна состојба, се соочува со огромен предизвик пред себе.

Дали ќе успее добро да менаџира во време на кризна состојба останува да видиме.