Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, има голема причина за радост и славење, бидејќи денеска стана татко.

Неговата избраничка Деница, со која неодамна се ожени, донесе на свет машко дете.

Радосната вест веќе се шири на социјалните мрежи, а репрезентативните колеги му честитаат на Стоилов.

Капитенот на Вардар и неговата избраничка Даница пред извесно време го кажаа судбоносното “ДА”, а сега добија и принова.

На Инстаграм му честиташе и неговиот брат, кој го откри и името на бебето. “Жив и здрав Бојан”, напиша тој.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *