Жртвата е убиена со килограм пластичен експлозив, кој има голема деструктивна моќ и е произведен од воената индустрија во светот .

Судејќи според количината на енергија што ја ослободува при детонација, пентритот е еден од најсилните експлозиви.

Главно се користи за воени цели, но криминалците го добиваат со кражба од воени фабрики. Бидејќи пентритот лесно се обликува како пластелин, може да се скрие во чевел или под облека кога ќе се прошверцува преку границата.

Пентрит

Соединението „пентрит“ или накратко „PETN“ е кристално бела прашкаста материја отпорна на пламен и топлина, но не и на удари.

„Пентрит“ се користи и за полнење гранати или како додаток во некои пластични експлозиви. Главно се користи во криминалните кругови за разнесување на оклопни возила.