За неа зборуваат милиони ширум светот. И 24 години по нејзината смрт, нејзините предвидувања ги возбудуваат луѓе од целиот свет, а неодамна светските медиуми дури ја нарекоа „Балкански Нострадамус“.

Истражувачите тврдат дека досега се исполнети скоро 85 отсто од нејзините предвидувања. Според нив, таа ги предвидела нападите на 11 септември во Њујорк, цунамито во Јапонија во 2004 година и подемот на исламот. Се верува дека таа претскажала значајни настани, достигнувајќи до 5079 година – година кога ќе дојде крајот на светот. Таа е балканскиот Нострадамус, баба Ванѓа која е родена во нашата Струмица.

Ќе го запреме нашето внимание на предвидувањата што ги направи таа за следната 2021.

Инвазија на екстремисти

Непосредно пред да почине на 85-годишна возраст, Ванѓа предвиде дека во 2021 година, „инвазија на екстремисти“ ќе ја преплави Европа. Според неа, нашиот континент би се соочил со закана од хемиски напади од страна на „напаѓачите“. Ванѓа предвиде и економска криза за Европа.

Обид за убиство на рускиот претседател Владимир Путин

Атентат врз рускиот претседател Владимир Путин е меѓу предвидувањата на видовитата. Според неа, заканата против лидерот на Кремљ би дошла од незадоволни луѓе во земјата. Постојат дури и гласини дека Путин имал намера да поднесе оставка порано отколку што се очекуваше токму поради пророштвото на Ванѓа. Дали ова навистина ќе се случи, останува да видиме.

Катаклизми и природни катастрофи

Баба Ванѓа претскажа и голем број катаклизми и катастрофи низ целиот свет. Според неа, умовите на луѓето би претрпеле апсолутна промена. Според неа, 2021 година би била обележана со многу тешки времиња и искушенија за целото човештво.

Конфликт и верска омраза

Остар верски конфликт би се појавил меѓу луѓето. Религиите ќе ги разделат луѓето меѓу себе, создавајќи напнати односи низ целиот свет.

Живот во вселената

Во периодот околу 2021 година, научниците ќе докажат дека постои вонземски живот. Ќе стане јасно како настанал животот на Земјата за прв пат. Според пророштвата на Ванѓа, за 200 години човештвото ќе дојде во близок контакт со своите духовни браќа и сестри од други светови.

Гориво од сончева светлина

Според јасновидецот, во следните децении по 2021 година, производството на бензин ќе престане, и наместо тоа, човештвото ќе научи да ја користи сончевата светлина како гориво. Според описите на пророчицата, автомобилите и возовите „летале со помош на сончевите зраци“. Со оглед на фактот дека на темата сончева енергија се повеќе се дискутира последниве години, прогнозата на Ванѓа не звучи воопшто футуристички.

Силен змеј ќе го освои светот

Силен змеј ќе го освои човештвото. Трите гиганти ќе се обединат. Некои луѓе ќе имаат црвени пари. Ги гледам броевите 100, 5 и многу нули. Тоа е едно од најмистериозните пророштва на Ванѓа. Според некои толкувачи, трите гиганти се Кина, Русија и Индија. Главната, сепак, е Кина, чиј симбол е змејот. Неодамна, многу толкувачи го поврзаа пророштвото со пандемијата на новиот коронавирус, која потекнува од Кина. Меѓу најпопуларните теории на заговор е дека кинеската влада го создаде коронавирусот како био-оружје против САД и Европа. Според теоријата, на овој начин Кина ќе ги ослаби економиите и на Северна Америка и на земјите ширум светот.