Кинескиот град Кингдао го заврши експресното тестирање на сите свои 11 милиони жители и не пронајде ниеден нов случај на коронавирус. До вчера биле анализирани 10,9 милиони тестови и сите биле негативни.

„Ризикот од локално пренесување на вирусот е фактички елиминиран“, изјави заменик градоначалникот на Кингдао, Шјуе Кингуо.

Градските власти наредија тестирање на целото свое население откако беа откриени 13 случаи на коронавирус, што беа први локални трансмисии по повеќе од два месеца. Сите нови случаи биле поврзани со локална болница, откако таму биле донесени двајца заразени работници од пристаништето.

Во Кина досега починале 4.634 луѓе од ковид-19.