Бугарскиот претседател Румен Радев распиша предвремени парламентарни избори на 11 јули и го назначи својот секретар за безбедност и одбрана за привремен бугарски премиер кој треба да ја води Владата до изборите и до формирањето на новата влада, објави Ројтерс

Стефан Јанев (61) беше заменик премиер и министер за одбрана во првата привремена или техничка влада на Радев која беше формирана во 2017 година и е еден од неговите најблиски сојузници.

Главните задачи на кабинетот ќе бидат контрола на пандемијата со коронавирусот и обезбедување фер избори, пишува Ројтерс.

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на националното собрание на ГЕРБ рече дека целта на политичкиот натпревар е да се владее, а не да собори некого, да биде против некого или да се биде во опозиција. Сериозни партии сакаат да владеат.

Борисов му порача на лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов дека изборите чинат многу парии дека за последните избори се потрошени над 100 милиони лева, а целта на изборите не е да се формира парламент за промена на закон, туку да се има стабилна влада.

Рамковната позиција на Бугарија за Македонија е усвоена со консензус од сите политички сили во парламентот. Немаме овластување да ја смениме оваа позиција. Тоа што зависи од привремениот кабинет и министерот за надворешни работи, ќе го направиме за да се продолжи дијалогот. Ова го изјави министерот за надворешни работи Светлан Стоев како одговор на прашањето дали привремената влада ќе продолжи да се придржува до сегашната позиција на Бугарија за Македонија.

Отсега натаму, сè е во рацете на официјалните лица на Македонија. Тие се многу загрижени за бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има каква било промена во следните 2-3 месеци за време на оваа привремена влада, додаде Светлан Стоев, кој денес ја презема функцијата од поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, на свечена церемонија во бугарското Министерство за надорешни работи.