Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вчера изјави дека техничките преговори ќе продолжат во Брисел во понеделник на 28 септември, но дека нема да се зборува за Заедница на српски општини (ЗСО), бидејќи Албанците не сакаат да дебарираат за тоа прашање.

Лајчак на Твитер објави дека и по седум години од договорот од Брисел, кој предвидува формирање на ЗСО, оваа тема нема да биде на агендата на дијалогот!

Главните преговарачи ќе се состанат во понеделник за да ги продолжат разговорите за финансиски побарувања и средства. ЗСО нема да биде на дневен ред бидејќи едната страна сè уште не е подготвена да разговара за тоа“, напиша буквално Лајчак.

Реагирајќи на оваа директна порака, шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, оцени дека е зачудувачки што Брисел, дури и по седум години, не реагира на неспроведениот договор за создавање на ЗСО.

И кога ќе се занимава со прашањето на ЗСО, го прашувам Лајчак. Која е целта на преговорите за било што со Приштина ако не се почитува потпишаното?! Дали тоа значи сега дека тоа што сега беше потпишано во Вашингтон нема да го реализира Приштина и дека на никој нема да му фали влакно од главата!? Еве косовската „шефица на дипломатијата“, и покрај мораториумот, испрати писмо до БиХ во кое ги замоли да ја признаат државата Косово. Преку Вучиќ му го предадов тоа писмо на Ричард Гренел и тој веднаш го повика Авдулах Хоти и му кажа сèшто затоа што Приштина не го почитува договорот, рече Дачиќ.