Швајцарските работодавци се должни да платат дел од киријата за своите вработени што работат од дома спротивно на нивната волја, одлучи судот во Цирих.

Тужбата против фирмата ја поднел вработен кој побарал отштета за работата од дома. Компанијата посочи дека нема соодветен договор за отштета и дека не е должна да плати дел од киријата.

Сепак, судијата донел заклучоци кои се поинакви од аргументите на компанијата, во кои се наведува фактот дека тоа што вработените немале дополнителни трошоци не е причина да им се одбие барањето за обесштетување. Според пресудата, фирмата е должна да плати отштета, и тоа ретроактивно од 150 франци месечно.

Експертите веруваат дека оваа пресуда може да има далекосежни последици, особено за работа од дома за време на кризата предизвикана од коронавирусот.

Тие посочуваат дека вработените имаат право на отштета доколку бидат принудени, а не по своја слободна волја, да работат од дома и дека оние што го прават тоа врз основа на своја волја нема да имаат право на тоа.

Покрај тоа, експертите за трудово право посочуваат дека работодавецот, кој исто така е одговорен за здравјето на вработените, има обврска да плати за соодветно столче за својот вработен за работа од дома.


Напишете коментар