Мерките за карантин во Грција за да се спречи ширењето на вирусот корона предизвика бес кај граѓаните и протест во Солун, каде имаше конфликт со полицијата.

Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи и се собраа во центарот на градот. Тие фрлале шишиња и бои кон полицајците.

Полицијата реагирала фрлајќи солзавец, димни бомби, но и апсејќи ги демонстрантите, пренесуваат грчките медиуми.

Демонстрантите повикаа на ставање крај на спроведувањето на локалните мерки за итни случаи во Солун, како и на оние на државно ниво, кои денес ќе стапат на сила во Грција.

Премиерот Киријакос Мицотакис во четвртокот во Атина објави дека владата одлучи да воведе тринеделен карантин на национално ниво од 06.00 часот во сабота на 7 ноември.

Освен аптеките, здравствените институции, селективните трговски објекти, градинките, училиштата и специјалните училишта, сè друго ќе биде затворено.

Градинките и основните училишта ќе останат отворени за време на карантинот, кој ќе трае до 30 ноември. Средните училишта и универзитетите ќе одржуваат часови преку Интернет.

Жителите ќе можат да ги напуштат своите домови само од одредени причини како што се работа, медицински прегледи или вежбање и откако ќе ги известат властите.