Турција е една од ретките земји во светот што има сопствено производство на ракети воздух-воздух, изјави претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, цитиран од агенцијата Анадолија.

Нашата самоводна ракета воздух-воздух Боздуган беше развиена од млади техничари и инженери како дел од проектот Гоктуг. Таа ја погоди целта со првиот истрел, рече Ердоган.

Тој сподели и видео кое го прикажува првиот истрел на Боздуган.

Во последниве години, турските компании за одбрана и авијација направија значителни чекори во научно истражувачката и развојната дејност, како и во производството и извозот.