Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева дека скорешен состанокот со американскиот колега Џо Бајден ќе отвори нова ера во односите меѓу Анкара и Вашингтон, кои се многу напнати од 2016 година.

Убеден сум дека нашата средба со Бајден на самитот на НАТО на 14 јуни ќе биде најава за нова ера, рече Ердоган на видео-конференција со шефови на американски компании. 

Алијансата со Соединетите држави е важна за нас, инсистираше тој.

Изјавите доаѓаат по години напнатост која се засили минатиот месец кога претседателот Бајден призна дека Отоманската империја извршила геноцид врз Ерменците за време на Првата светска војна. Анкара остро ја критикуваше одлуката. Таа ги признаваат масакрите, но го отфрлаат терминот геноцид и ја споменува граѓанската војна во Анадолија, кога од глад загинаа меѓу 300 000 и 500 000 Ерменци и исто толку Турци.

Односите меѓу Турција и Соединетите држави, двете членки на НАТО, се влошија во 2016 година поради неколку спорови. Вашингтон збесна кога Анкара купи руски ракети С-400, па ја исклучи Анкара од програмата за производство на американскиот борбен авион Ф-35.

Бидејќи неговата земја се повеќе дипломатски се изолира и се соочува со тешки економски проблеми, Ердоган се обидува да ги смири односите со Соединетите држави и Европската унија во надеж дека ќе привлече инвеститори. Турскиот претседател им повтори на американските деловни лидери дека сака да ја зголеми трговијата меѓу Турција и САД на 100 милијарди долари, инсистирајќи на важноста за унапредување на заедничките интереси.