Ердоган направи нова чистка: 304 турски војници се приведени поради обид за воен удар, повеќе од 20.000 се протерани од турската армија

Станува збор за операција насочена кон мрежата на лидерот Фетулах Гулен, американец со турско потекло, за обид за воен удар и трае веќе четири години од почетокот на конфликтот на улиците на Турција.

Турција денес нареди притвор за 304 припадници на армијата во операцијата против приврзаниците на Фетула Гулен, за кого официјална Анкара вели дека бил една од клучните фигури за време на обидот за државен удар во 2016 година, пренесува Танјуг.

Станува збор за операција насочена кон мрежата на водачот Фетулах Гулен, американец со турско потекло, за обид за државен удар и таа трае веќе четири години од почетокот на судирите на улиците на Истанбул и Анкара.

Гулен негира вмешаност во пучот, кога беа убиени околу 250 лица, а акцијата на обвинителството, во кое беше одреден притвор за 304 војници, беше иницирана денес во западната провинција Измир, пренесува Анадолија.

Повеќе од 20 000 луѓе беа протерани од армијата

Осомничените, вклучително и пет поручници и десет капетани, кои сè уште се активни во службата, наводно биле дел од мрежата на Гулен.

Од обидот за воен удар, околу 80 000 луѓе чекаат судење, а 150 000 припадници на разни цивилни служби, армијата и другите служби беа отпуштени или суспендирани.

Повеќе од 20 000 луѓе беа протерани од турската армија.