Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган свечено ја отвори третата по големина џамија, по Аја Софија и Сината џамија, во Истанбул, што е подарок за 568 годинишнината од кога Цариград падна во рацете на Османлиите.

Џамијата е изградена на познатиот плоштад Таксим во Истанбул, а како што беше најавено, на тој начин е втиснат нов религиозен идентитет во срцето на најголемиот турски град.

Оваа година се одбележуваат осум години откако на 28.05.2013 година, тогашните градски власти на Истанбул започнаа со работа за уривање на зидот и неколку дрвја на едниот агол на плоштадот. Тоа го привлече вниманието на мала група демонстранти кои кампуваа во близина. Следуваа судири кои ескалираа на 31 мај. На почетокот на јуни, стотици илјади луѓе излегоа на улиците против планот на владата за изградба на копија на османлиската касарна во паркот Гези.

Конфликтот беше насилно прекинат со брутална конфронтација меѓу полицијата и демонстрантите.

Изградбата на џамијата започна во февруари 2017 година, како проект кој беше форсиран од турскиот претседател Ердоган додека беше градоначалник на Истанбул, верниците муслимани и неговата Партија на право и правдата. На самата градба и претходеа децениски судски битки и јавни расправи.

Турските власти објавија и видео на кое се гледа претседателот Ердоган уште во 1994 година, кога стана градоначалник на Истанбул, како од врвот на една зграда го покажуваше го местото каде ќе се гради нова џамија. Во 2012 година, Ердоган ја реализираше својата визија.

Во далечната 1997 година, турската воена команда ја принуди владата, во која беше и Ердоган во тоа време, да си даде оставка. Една од причините беше незадоволството на армијата од плановите за изградба на џамија на плоштадот Таксим.

Новоизградената џамија и нејзината кула кула висока 30 метри се издига над споменикот на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, од чие наследство денес останува многу малку во Турција.

Комплексот џамии, со две високи минариња, ќе може да прими дури 4.000 верници, а вклучува изложбен салон, библиотека, паркинг и народна кујна, објави државната новинска агенција Анадолија.

По клањането во присуство на илјадници верници, турскиот претседател Ердоган рече дека завршувањето на изградбата на оваа џамија е еден од најголемите соништа за цела Турција и дека молитвениот повик ќе се слуша засекогаш.

Критичарите на иницијативата забележаа дека таа е спротивна на принципите поставени од основачот на современата турска држава, Ататурк. Тој сметаше дека Турција, и покрај доминацијата на исламот на нејзината територија, треба да остане секуларна држава. Според АП, критичарите на Ердоган се пожалиле на фактот дека зградата на културниот центар, именувана по Ататурк, била срушена на плоштадот Таксим.

Инаку, ова е втора џамија што турскиот претседател Ердоган ја изгради во Истанбул, на врвот на еден рид со поглед на азиската страна на Истанбул. Минатата година Света Софија повторно од музеј ја претвори во џамија. Света Софија, беше претворен во џамија, 86 години по одлуката на Мустафа Кемал Ататурк таа да биде музеј.

На свеченото отворање присуствуваа и турскиот потпретседател Фуат Октаи, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсои и заменик претседателот на владејачката партија, Бинали Илдирим.