Се чини дека и покрај повредата Аријан Адеми нема шанси да го пропушти овој натпревар, историски за Македонија. Па така тој ќе се најде во стартниот состав на селекторот Игор Ангеловски на вечерашниот меч во Тбилиси. Иако е недоволно фит, иако осеќа болки во пределот на ложата, капитенот на Динамо Загреб и нашиот клучен играч во средниот ред ќе се најде меѓу оние единаесет кои ќе го започнат натпреварот.

Па така нема веќе дилеми. Мрме ќе “истрча“ со формацијата 3-5-2. На голот ќе биде Димитриевски, тројцата стопери се Бејтулаи, Муслиу и Велковски. По лево и десно ќе бидат Алиоски и Ристовски, а тука се и Николов и Адеми, нешто понапред Елмас и во самиот шпиц Пандев и Несторовски.

Очекувано од страна на Мрме, најстандарниот состав што можеше да го изведе во овој момент. Олигледно е дека не е време за никакви експерименти.