Но, српскиот весник „Ало“, викендов сподели информација дека познатото семејство свадбата на синот ќе ја прави во Црна Гора, поточно на Свети Стефан. За потсетување, и Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена таму ја направија својата свадбена веселба.

Како вели доброупатен извор за „Ало“, Викторија и Дејвид се одлучиле да му направат интимна веселба со околу 50 луѓе. Тие пред две години летуваа на ова прекрасно место и носат убави спомени од ова летувалиште, па токму затоа и се одлучиле за Свети Стефан. Инаку, како вели, свадбата е закажана за мај следната година, а двојката ќе се венча на плажа.

Инаку, познатото семејство во моментов е на одмор во Италија, во палатата „Борго Егнациа“ во Апулија, за која пак „Дејли мејл“ пренесува дека исто така би можело да биде едно од местата за венчавка, а од фотографиите се забележува дека се работи за неверојатно луксузно место.


Напишете коментар