На најмалку 500 припадници на турските безбедносни сили ќе им биде наредено да ја чуваат Света Софија, познат споменик и музеј во Истанбул што неодамна беше претворена во џамија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој потсети дека Света Софија ќе биде отворена за муслиманите 24 часа.

Група од 500 луѓе ќе се грижи за безбедноста. Благодарен сум на турскиот министер за внатрешни работи
Сулејман Сојлу, рече Ердоган.

Според Ердоган, отворањето на Света Софија за молитви претставува „воскреснување на турската нација“.

Света Софија е историско место кое е под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство, а некогаш беше седиште на христијанството во Византиската империја, сè до падот на Цариград за време на османлиските освојувања во 1453 година.

Скоро 20.000 полицајци ја обезбедија областа во близина на Света Софија во петокот, 24 јули, за време на првата молитва од 1934 година.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *