Македонската делегација, поради пандемијата со корона вирусот, оваа година не беше примена во Ватикан, на денот на просветителите Свети Кирил и Методиј, меѓутоа, по три месеци денес за прв пат верниците дојдоа на плоштадот Свети Петар во Ватикан да примат благослов од Папата Фрањо.

Во изминатите три месеци Папата Фрањо секоја недела го благословуваше празниот плоштад Свети Петар во Ватикан. Денес на плоштадот имаше само неколку деситици верници, кои беа со маски и на пропишаната социјална дистанца. Папата им се обрати преку интернет од својата библиотека, а верниците го следеа неговиот настап преку видео екран.

Главната порака на Папата до верниците беше да размислат како во наредните 12 месеци да работат на заштита на природата.


Напишете коментар