Патиките „Адидас“ инспирирани од кошаркарскиот клуб Југопластика ја воодушевија целата планета, а единственото лошо во целата приказна е што станува збор за „ограничена“ серија.

Беше одлучено да се направат само 150 пара вакви патики, а Адидас состави список на „елитни манекени“ кои ќе имаат чест да добијат по еден пар од патиките. Овие се претежно спортски легенди, пренесува „Вечерњи лист“.

Меѓу нив требало да биде и името на Божидар Маjковиќ, тренерот кој на направи големата Југопластика, кој со Југопластика беше двапати европски шампион во клупска кошарка, а сега е Претседател на српскиот Олимписки комитет. “Вечерњи“ додава дека можно е и Тони Кукоч и Дино Раѓа да бидат на списокот.

Светски познатите фудбалери Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Серж Гнабри (Баерн), односно кошаркарите Џејмс Харден (Хјустон), Дамијан Лилард (Портланд) и Бојан Богдановиќ (Јута) ќе добијат од бело-жолтите патики со натпис „Југопластика“.

Сите тие имаат договори со популарниот германски производител на спортска опрема, а вреди да се потсетиме дека компанијата „Југопластика“, која повеќе не постои, произведе 4,5 милиони спортски торби за „Адидас“.