Најголемите холивудски ѕвезди, славни спортисти, познати режисери и уште многу истакнати и познати личности, вчера, во живо, го следеа според многумина најважениот меч во историјата на тенисот, финалето на US Open каде победи Русинот Данил Медведев. Србинот Новак Ѓоковиќ ја имаше шансата да ја освои рекордната 21-ва Гренд Слем титула во неговата кариера а исто така имаше и прилика да биде единствениот тенисер по Род Лејвер, кој тоа го направи во 1969 година, да ги осови сите четири Гренд Слема во една календарска година.

Медведев во големото финале на US Open успеа да го совлада Ѓоковиќ со резлутат од 3:0, а со тоа ги разочара и голем дел од холивудските ѕвезди кои беа на стадионот Артур Еш во Њујорк. Друштвените мрежи се преплавени со коментари за разочарувањето кое што беше видливо на лицата на многуте ѕвезди кои беа дел од настанот. Кога ќе ги погледнете и сами фотографиите ќе ви биде јасно за кого навиваше џет-сетот за време на финалето.

Меџот го следеа многу холивудски истакнати и познати актери како што се: Леонардо Ди Каприо, Бред Пит, Бредли Купер, Алек Болдвин, Бен Стилер и други, а дали може спортски настан во „големото јаблоко“ да помине без режисерската легенда од Њујорк – Спајк Ли, кои не ги штетеше рацете и ракоплескаше на феноменалната игра на двајцата натпреварувачи.

Занимливо беше да се види Бред Пит во друштво на Бредли Купер кој што е јавно деклариран како голем фан на Новак, а по изразот на нивните лица се гледа големата разочараност од поразот на Ѓоковиќ. По добивањето на еден маестрален поен од страна на Новак, камерата го забележа Бред Пит како емоционално ракоплеска за Новак, по што нема сомневање за кого ја давал подршката на стадионот.

Камерата успеа да ја забележи и познатата Руска тенисерка Марија Шарапова, но по нејзините реакции можеше да се види дека не беше многу среќна поради тоа што нејзиниот сонародник ја однесе титулата. Шарапова е често забележувана и како дел од ложата на Новак на неговите претходни натпреварувања.

А доколку се запрашувате колку чинеше влезницата за финалето на стадионот Артур Еш, слободно може да се каже цело мало богаство. Доколку сте сакале да бидете покрај теренот на кои се играше финалето, картите би ве чиниле речиси 10,000 американски долари, но тоа не е комплетната цена бидејќи на тоа следуваат и уште некои дополнителни трошоци.