Бојкотот на градоначалничките избори во Штип јасно ја дефинира стратегијата на ВМРО ДПМНЕ и на опозицијата. Треба да се предизвика политичка криза во државата. Ќе се бараат предвремени избори, но вистинската желба на опозицијата ќе биде да биде формирана широка влада или влада на национален спас.

Таа ќе биде влада за спас на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на дел од сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ кое стенка под сериозни судски процеси и на главниот “спонзор” или репрогамер на долговитре на опозицијата, олигархот Јордан Камчев.

За да биде реализирана таа стратегија треба во еден момент да бидат стимулирани три кризни ситуации кои треба да доведат до пад на владата, односно тоа што не беше направено лани со Рекет 1 и Ларис Гајсер да се заврши сега.

Тоа е опозициската хистерија околу преговорите со Бугарија. Корона кризата во Македонија. И политичката криза која треба да биде предизвикана со бојкот на изборите во Штип и со најава на Рекет 3 од таканаречените “дагау новинари”.

Но од опозицијата доаѓаат информации дека со делови на оваа стратегија не се согласува екс лидерот на партијата, Никола Груевски кој секогаш одбива да учествува во бојкот на изборите. Така беше 2004 година кога не го бојкотирапше вториот круг на претседателските избори. Тој сметаше дека не треба да се бојкотира референдумот во 2018 година. И сега не се согласува со бојкот на градоначалничките избори во Штип.

Луѓе во опозицијата брифираат дека сега за прв пат Груевски размислува да му ја откаже поддршката на Мицкоски ако работите тргнат во лош правец за партијата и опозицијата.

Ова е дел од емисијата Во Центар, која се емитува вечерва во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.

Целата емисија можете да ја погледате на следниот линк: