Зоран Иванов беше портапорол на владата, беше дел од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски задолжен за односи со јавноста, беше директор на Македонската информативна агенција или скратено МИА, беше главен уредник на Македонското радио и Македонската Телевизија и напиша фејсбук статус кој не и се допадна на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Иванов на фејсбук напиша: Сите фригидни кучки свршуваат на Македонија, Бакојани 2008-ма, Захариева 2020-та.

И за тој статус беше сменет од членство во Надзорниот одбор на МИА. Бугарската јавност тоа го сфати како нивна голема победа, дека ете се можело под притисок на Софија за навреда на бугарски политичари да се менуваат македонски функционери или новинари.

Иванов тој свој статус не го дефинира како политички став туку како вербален деликт. Но нема одговор во која демократска држава во 21 век некој е санкциониран поради вербален деликт. И денес вели дека не се кае за напишаното но дека Заев и владата биле во право што го смениле.

Така секоја револуција ги јаде своите деца, навистина ниту Иванов не е дете, а богами ниту шарената револуција беше баш револуција. Сега Иванов договорот за добрососедство со Бугарија не го доживува како прифаќање на бугарската историја од Варна до Охрид, туку како македонската историја од Охрид до Варна.

Целото можете да го погледате на следниот линк: