Американскиот Стејт департментот ќе им одобри до 100.000 долари на невладини организации во Словенија за реализација на проекти насочени кон „зајакнување на врските“ меѓу Љубљана и Вашингтон, се наведува во описот на грантот, до кој имаше пристап телевизијата РТ.

Како се наведува во документот, иницијативата ќе им помогне на луѓето во Словенија подобро да ги разберат карактеристиките на културата и политиката, како и вредностите на Соединетите држави.

Темите кои ги исполнуваат барањата на проектот се широко дефинирани, со цел да се опфатат прашањата на демократијата, човековите права, безбедноста и одбраната, како и развојот на економијата и претприемништвото, се вели во текстот.

Конкретно, американската страна им предлага на потенцијалните кандидати да работат во области кои вклучуваат развој на независни медиуми во Словенија, зајакнување на трансатлантската соработка, енергетска и сајбер безбедност, како и промовирање на идејата за борба против корупцијата, дигитализацијата и владеењето на правото .

Една донација, по правило, варира од три до пет илјади долари, а во исклучителни случаи, износот може да достигне 10 000 долари. Развојот на иницијативата ќе го следи американската амбасада во Љубљана.

Образовни институции и истражувачки институти, невладини и непрофитни организации со седиште во Словенија можат да аплицираат за проектот.