Комитетот за вонредни состојби на Светската здравствена организација (СЗО) се изјасни против воведување на барање за докажување на задолжителна вакцинација или постоење на имунитет на ковид-19 за меѓународно патување.

Со оглед на тоа што влијанието на вакцините врз намалувањето на преносот на вируси сè уште не е познато, а достапноста на вакцините во моментов е премногу ограничена, комитетот препорача земјите да не бараат доказ за вакцинација од патници, се вели во препораките на Комитетот на СЗО во Женева во петокот.

Притоа се напоменува дека потврдата за вакцинација не треба да ги ослободува меѓународните патници од усогласеност со другите мерки за намалување на ризикот при патување.

На 11 март, Светската здравствена организација објави пандемија на новиот коронавирус, ковид 19. Според последните податоци, досега во светот биле заразени над 93,8 милиони луѓе, од кои повеќе од два милиони луѓе починале. Во моментов има повеќе од 24,8 милиони активни случаи на ковид-19 во светот.