Светската здравствена организација денес изјави дека вакцината против ковид-19 не треба да биде задолжителна, освен за специфичните професии и услови за работење, пренесува Франс прес.

Мајкл Рајан, директор за итни операции во рамките на СЗО, рече дека појавата на вакцините е добра новина и подвлече дека е многу подобро да се работи на објаснување на предностите на вакцините, отколку државите да водат политика на задолжителни вакцини.

Сличен е ставот и на Кејт О’Брајан, директор на одделеот за имунизација и вакци во СЗО. Таа рече дека искуствата покажуваат дека кога државите се обидуваат да ги направат вакцините задолжителни , таа политика не ги давала очекуваните резултати.

Меѓутоа, експертите на СЗО го потенцираа фактор дека кај одделни групи, како на пример здравствените работници, можеби ќе треба да имја задолжителна вакцинација.

Директорот на СЗО Тедрос Габрејесус ги повика државите, кои во идните недели или месеци ќе ги користат масовно вакцините и вакцинирањето, да ги вакцинираат приоритетно тие групи кои влегуваат во таканарачените приоритетни групи.