Светската здравствена организација денес објави дека е запознаена со новата форма на Ковид-19, која се појави во Велика Британија, но дека нема докази дека овој вид се однесува поинаку од постојните типови на вируси.

Ние сме свесни за оваа генетска варијанта, која е пријавена кај 1.000 луѓе во Англија – рече директорот на програмата на СЗО за итни ситуации, Мајк Рајан, на брифингот со новинарите во Женева.

Тој додаде дека официјалните лица го разгледуваат неговото значење, пренесува Ројтерс.

Видовме многу варијанти, овој вирус се развива и се менува со текот на времето – изјави Рајан, а пренесува Ројтерс.

Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, во текот на денот изјави дека е идентификувана нова варијанта на вирусот корона.

Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија.