Лекот Ремдесивир, произведен од компанијата Gilead, не се препорачува за третман на пациенти хоспитализирани поради COVID-19, без оглед на тоа колку се болни, бидејќи нема докази дека ја намалува смртноста или потребата за механичка вентилација, соопшти Светската здравствена организација.

Панелот на СЗО соопшти дека нема докази дека ремдесивирот го подобрува исходот на болеста во смисла на намалување на смртноста, потреба за механичка вентилација, време на опоравување и слично.

Покрај тоа, лекот се дава интравенски, а сегашната евиденција не ја оправдува неговата употреба, која е компликувана и скапа, според панелот.

Препораката се заснова на податоци од четири испитувања со повеќе од 7.000 пациенти хоспитализирани поради COVID-19.