Во пресрет на почетокот на новата учебна година во многу земји, Светската здравствена организација (СЗО) предупредува на потребата од борба против пандемија на места каде живеат деца и наставници, не само во училиштата, истовремено изразувајќи надеж дека пандемијата ќе трае помалку од две години.

Ако коронавирусот се шири во заедниците, може да влезе и во училиштата, рече научникот на СЗО, Марија Ван Керкхов.

Клучно е да се запре и контролира ширењето на инфекцијата на местата каде што работат училиштата, рече Ван Керкхов. како одговор на прашањето дали СЗО препорачува отворање училишта во време кога бројот на случаи се зголемува низ цела Европа.

Училиштата служат за образование, но тие исто така играат клучна улога во хранењето на децата и обезбедувањето социјална интеракција, рече главниот научник на СЗО за коронавирус.

Таа организација на Обединетите нации ќе издаде упатства за маски за различни возрасни групи на деца во наредните денови.

Но, шефот за кризни ситуации на СЗО, Мајк Рајан, предупредува дека маските се само еден метод за да се спречи ширењето на вирусот и дека тие не се замена за социјалното дистанцирање и намалување на бројот на ученици на предавањата.

Ван Керкхов призна дека науката сè уште нема доволно знаење за тоа како децата го шират вирусот.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габрејесус рече дека се надева дека пандемијата со Ковид-19 ќе биде пократка од онаа на шпанскиот грип и дека ќе трае помалку од две години ако светот се обедини и успее да направи вакцина.

Тедрос потсети дека шпанскиот грип што се појави во 1918 година траеше две години.

Во сегашната ситуација со поголема технологија и поврзаност, вирусот има подобри шанси за ширење и може брзо да се движи затоа што сега сме повеќе поврзани, рече тој на брифингот во Женева.

Сепак, ние имаме и технологија да го запреме и знаење да го запреме, истакна тој.

Се надеваме дека ќе ја прекинеме оваа пандемија за помалку од две години, рече Тедрос.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *