Официјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан денес изјави дека таканаречените вакцина пасоши за Ковид 19 не треба да се користат за меѓународни патувања поради бројни проблеми, вклучувајќи ги и моралните, бидејќи дозите не се подеднакво достапни за сите во светот .

Рајан посочи дека постојат „практични и етички проблеми“ за земјите кои размислуваат да користат потврди за вакцинација како услов за патување и истакна дека СЗО е против тоа.

Вакцинациите не се доволно достапни ширум светот. Исто така, тие не се достапни на ист начин – нагласи Рајан.

СЗО претходно изјави дека сè уште не е познато колку долго ќе трае имунитетот од голем број лиценцирани вакцини против Ковид 19 и дека податоците сè уште се собираат.

Тој додаде дека оваа стратегија е неправедна кон луѓето кои не можат да се вакцинираат од одредени причини и дека „барањето за вакцина пасошите може да овозможи нееднаквост и нечесност да се воведат во системот“.