ЗНАЕВМЕ ДЕКА ЗАРАЗНИТЕ БОЛЕСТИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА ГО НАПРАВАТ ОВА, ЗНАЕВМЕ ДЕКА ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ОВОЈ ВИРУС, ВО СМИСЛА ДЕКА ИМАШЕ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА ГО НАПРАВИ ОВА. НО НИКОГАШ НЕ БЕШЕ НЕИЗБЕЖНО. ФАКТОТ ДЕКА СТИГНАВМЕ ДО ОВАА ТОЧКА Е ЕДНОСТАВНО НЕУСПЕХ НА ОДГОВОРОТ., ВЕЛИ ЏЕНИФЕР НУЗО – ЦЕНТАР ЗА ЗДРАВСТВЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА ЏОНС ХОПКИНС

Од друга страна Светската здравствена организација смета дека светот уште долго време ќе се бори со вирусот. Регионалниот директор на организацијата за Европа, Ханс Клуге, изјави дека очекува пандемијата да заврши на почетокот на 2022 година. Клуге за данската државна телевизија  изрази уверување дека најлошите сценарија веќе завршија, но и предупреди дека вирусот ќе продолжи да постои.

Клуге рече дека мутациите нема да го стават вирусот надвор од контрола, но истакна дека земјите чии здравствени системи веќе биле под притисок може да се најдат под уште поголем притисок, принудувајќи ги многу сериозно да ги сфаќаат новите варијанти на вирусот.