Во претходните седум дена, повеќе од четири милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус, што е најмногу за една недела од почетокот на пандемијата, објави СЗО.

СЗО објави дека 4.060.891 лице биле заразени со коронавирус минатата недела и дека 67.221 пациент починал во истиот период, пренесува Тас.

Една недела порано, потврдени се 3.977.223 нови случаи на заболени и 59.699 смртни случаи. СЗО, сепак, смета дека податоците за претходната недела укажуваат на забавување на ширењето на пандемијата.