Верските празници доведоа до ширење на вирусот. СЗО, исто така, покажува со прстот кон црквата и верниците.

Навистина е важно земјите да бидат во состојба брзо да ги детектираат овие случаи – рече Марија Ван Керкова на денешниот брифинг во СЗО.

Многу земји, кои биле успешни во борбата против короната вирус, бележат зголемување на бројот на пациенти како резултат на организирање на настани, како што се религиозни собири, рече денеска епидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Керкова.

На онлајн брифингот, Ван Керкова рече дека вирусот ќе ја искористи секоја можност да се засили.

Извршниот директор на СЗО за итни програми, Мајк Рајан оцени дека се појавуваат нови жаришта во Јужна Кореја, кои се доведуваат во врска со клубови, прифатилишта и забавни паркови.

Тој додаде дека истражувањата на отпадни води во Северна Италија покажале дека постои можност вирусот да циркулира таму пред некој да бил свесен за тоа.

Светската здравствена организација ќе објави дополнителни упатства за воздушен сообраќај во наредните денови, во време кога државите ширум светот се отвораат и ги укинуваат рестриктивните мерки воведени поради вирусот, рече извршниот директор на СЗО за итни програми Мајк Рајан.


Напишете коментар