Бројот на смртни случаи поврзани со вирусот корона е зголемен за повеќе од 15.400.

Повеќе од 799 000 нови случаи на инфекција со коронавирус се пријавени ширум светот во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени достигна над 87,58 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на смртни случаи поврзани со вирусот корона се зголеми за повеќе од 15.400, и надмина 1,9 милиони.
Досега се регистрирани дури 87.589.206 случаи на инфекција и 1.906.606 смртни случаи поврзани со коронавирус.

Бројот на потврдени случаи на инфекција е зголемен за 799.712 во последните 24 часа, а бројот на смртни случаи за 14.454.
Статистиката на СЗО се заснова само на официјално потврдени податоци обезбедени од држави.

Северна и Јужна Америка сочинуваат повеќе од 55 проценти од новите случаи на ковид 19 во изминатите 24 часа – 441.723. Европа е втора со 273.942 случаи, следена од Африка со 30.961.

Најмногу случаи на инфекција се евидентирани во САД – 21,447,670, потоа во Индија 10,413,417, во Бразил 7,961,673, во Русија 3,379,103, во Велика Британија 2.957,476, во Франција 2.701.658, во Италија 2.237.890, во Шпанија 2.025.560, во Германија 1.891.581, во Колумбија 1.737.347, во Аргентина 1.690.006 и во Мексико 1.493.569.