Приказната за Лони Вилсон (38), поранешна манекенка и поранешна сопруга на Џереми Џексон (41), ѕвездата од Чуварите на плажата, продолжува да ја тресе светската јавност.

Многу мажи остануваа без здив кога некогашната атрактивна манекенка со совршена линија на телото поминуваше низ улиците, но денеска сликата е многу поразлична, таа преживува на мизерен и беден начин. Денеска по улиците на Лос Анџелес таа бара храна од контејнерите и бара корка леб за да успее да остане во живот. Лони Вилсон од секси милионерка се трансформираше во непрепознатлив просјак, исто така таа со години се бори со зависност од разни наркотици, а проблем и преставува и тешката депресија во која таа е навлезена.

Некогашната убавица американските папараци ја фотографираа во непрепознатливо издание додека копаше во ѓубрето пред неколку месеци, а тие фотографии го обиколија интернетот и светот. Кога фотографиите стигнале во јавноста, неколку нејзини поранешни пријатели и познаници започнале акција за да и помогнат и да се тргне од улицата, но не успеале.

За Лони, како што рекоа, само се истуширала и јадела во хотелот, и потоа се вратила на живот во улиците на Лос Анџелес. Таа на новинарите им кажа дека нема телефон, но има доволно храна и место за спиење. Лони претходно изјави дека се туширала еднаш на една година, бидејќи е така сигурна дека никој нема да ја силува на улица.

Инаку, бурната врска помеѓу Џермени и Лони беше го одбележана доаѓањето на полицијата неколку пати на вратата од нивниот дом. Имено, актерот ја претепал Лони Вилсон, и сокршил неколку ребрата, и го повредил вратот и ја гребел по лицето и телото.

Се омажи за него кога имаше 29 години, во 2012 година, но таа љубовна романса траеше премногу кратко. Пред пет години, таа доживеа нервен слом и ја загуби работата како асистент во центарот за естетска хирургија. По траумата поради врската со Џереми, зависник кој почнал да се дрогира уште за време на снимањето на Чуварите на плажата, таа никогаш не била лекувана од психијатар, туку се препуштала на разни пороци.