Докторката од Тексас, Британи Бакхед-Кендал, која лекуваше илјадници пациенти со коронавирус минатата година, ги откри последиците кои ковид-19 ги остава врз белите дробови. 

Имено, таа сподели три рендгенски снимки од белите дробови на својот профил на Твитер: еден здрав пациент, еден пушач и еден пациент кој го надмина коронавирусот.

Не знам кој треба да го види ова, но белите дробови по прележувањето на ковид-19 изгледаат полошо од кој било вид на белите дробови на пушачи што сме ги виделе. Тие пропаѓаат. Се згрутчуваат. И отежнато дишење се задржува и понатаму, напиша таа.

Сликата на белите дробови на здрав пациент е јасна бидејќи тие имаат многу црн простор, што укажува на тоа дека некое лице може да вдише многу воздух. Гледајќи ја рендген снимката на белите дробови на пушачот, се забележува магла што укажува на лузни и блокади. Третата слика ги покажува белите дробови по прележан ковид, кои изгледаат скоро целосно бели, што значи дека белите дробови се сериозно оштетени. Откако нејзиниот твит доби големо внимание и илјадници одговори, лекарот беше поканет да даде објаснување во вестите на ЦБС.

Сите се толку загрижени за смртноста и тоа е страшно и ужасно. Но, скоро сите преживеани кои имале корона исто така можат да се соочат со проблеми – рече таа.

Лекарот тврди дека дури и асимптоматски случаи на корона можат да остават пациенти со сериозно оштетување на белите дробови.

Сè уште има луѓе кои велат: Добро сум, немам никакви проблеми, но кога ќе ги фотографирате градите, гледате дека белите дробови им се во ужасна состојба, рече лекарот.  

Д-р Банкхед Кендал исто така додава дека ако пациентот чувствува отежнато дишење по Ковид, треба да остане во контакт со неговиот лекар од примарна здравствена заштита.