Таблоидите на Вучиќ ја провоцираат Дијана Хркаловиќ, поранешен висок функционер на Министерството за внатрешни работи на Србија, која беше уапсена во петокот како дел од истрага за прикривање на докази за убиството поврзани со кланот на Веља Невоља.

Но, овие денови тие исто така почнаа да објавуваат експлицитни фотографии од неа. 

Треба да се потсети дека на поранешната државна секретарка на Министерството за внатрешни работи на Србија и беше одредена мерка притвор во време траење од 30 дена поради „постоење околности што укажуваат дека нејзиното ослободување би ја попречувала постапка со влијание врз сведоците“, објасни Врховниот суд во Белград.

Во објавите за Хркаловиќ, најдалеку отиде таблоидот Објектив близок на Вучиќ. Доволно е само да се погледне денешната насловна страна и се да биде јасно.

Насловот е: Блуд и разврат, кои се напишани со големи букви, а додадено е и перверзиите на Дијана во МВР, како и тоа дека водела состаноци во институциите на српската полиција пијана и дрогирана.

Таблоидот на Вучиќ во објавите на овие публикации не ги наведува изворите на кои се повикува, и дополнително пишува дека Хркаловиќ „го искористила министерството за снимање еротски фотографии што потоа ги испратила на влијателен министер како и на криминалци“ со кои наводно била поврзана.

Во секој случај, Хркаловиќ беше дел од таблоидите со месеци, но нејзиното апсењето дојде дури минатиот петок, токму кога аферата Јовањица повторно се врати на сцената. Тоа е афера со огромна плантажа со марихуана предводена од Предраг Колувија, кој е близок до СНС. Тој доби тендер од државниот буџет за одгледување органска храна на фармата Јовањица кај Стара Пазова во Војводина.

Колувија заврши во притвор, но деновиве е ослободен. Набргу потоа, српскиот претседател Александар Вучиќ започна јавно да го брани осомничениот дилер, најверојатно затоа што имаше индиции дека Колувија е поврзан со Андреј Вучиќ, братот на српскиот претседател.

Хркаловиќ се приклучи на полицијата во април 2014 година како заменик началник на кабинетот. Таа беше млад и амбициозен функционер на СНС, а во меѓувреме доби и докторат по психологија. Таа беше избрана за државен секретар во јули 2017 година. Хркаловиќ влезе во безбедносните структури на Србија како политички кадар, во моментот кога Вучиќ стана премиер на Србија, а беше и шеф на Канцеларијата за координација на безбедносните служби.

Според независниот портал за истражување КРИК, Хркаловиќ била партнер на Ненад Вучковиќ или познат како Вучко, еден од влијателните луѓе во полицијата за кој беше откриено дека е близок со криминалната група на убиениот Александар Станковиќ наречен Сале Мутави.

КРИК откри дека српската полиција, додека Дијана Хркаловиќ била на високи позиции во Министерството за внатрешни работи, уапсила претежно членови на Шкаљарскиот клан, додека криминалците од противничкиот клан Кавачкиот ретко завршувале зад решетки.

Останува да видиме што ќе се случи со уапсената Хркаловиќ, односно дали ќе зборува за се што знае за да се спаси, особено што претходно беше поврзана со претседателот на Србија, кој сега прави апсолутно се користејќи ги неговите режимски медиуми и таблоиди, да ја прикажат во најлошото можно светло.